Нашиот претседател и министер во Владата, во пресрет на новата учебна година, оствари работна средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска.
На средбата беше разгледана состојбата во училиштата и паралелките со настава на турски јазик. Се разговараше за бројот на ученици, континуитетот на паралелките, предизвиците со кои се соочува наставата на турски јазик и потребните чекори за нивно надминување.
Како Турска демократска партија, уште еднаш ја истакнавме определбата за заштита и унапредување на наставата на турски јазик како едно од основните права на турската заедница во Република Северна Македонија.
ТДП ќе продолжи решително да работи за зачувување и понатамошно зајакнување на наставата на турски јазик во соработка со надлежните институции.
Ако има настава на турски јазик, има и иднина. Да го чуваме мајчиниот јазик значи да ја чуваме нашата иднина.
← Вести