Роден на 3 октомври 1987 година во селото Горна Бањица (Јукари Баниса), во близина на Гостивар, претседателот Зулфикар Зејнула таму го завршил основното образование. Средното образование го завршил во училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, а потоа ја завршил гимназијата „Панче Поповски“ во истиот регион. Дипломирал на Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Од 2005 до 2012 година бил претседател на Младинското крило на ДПТМ во Горна Бањица. Од 2016 до 2025 година ја вршел функцијата претседател на подружницата на ДПТМ во Горна Бањица. Од 2017 до 2021 година бил технички секретар и шеф на кабинет во Централното раководство на ДПТМ. Од 2017 до 2021 година бил советник на ДПТМ во Советот на Општина Гостивар. Од 2021 до 2024 година, на предлог на ДПТМ, ја вршел функцијата вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија.
Во 2023 година, за неговата хуманитарна помош и залагање по земјотресот во Турција, беше одликуван со „Медал и Орден за исклучителна себежртвуваност“ од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Покрај турски, Зејнула зборува и македонски, англиски и албански јазик. Тој е женет и татко на едно дете.